Започнаа преговорите за влада, „главните“ од СДСМ и ДУИ во игра за министри

1121
0
АКЦИЈА

Првиот состанок во улога на мандатар, Зоран Зев денеска  го имаше со Али Ахмети, претседателот на ДУИ. Во новиот владин кабинет се очекува да има 15 нови работни позиции, плус три дополнителни министерски места без ресор.  Во кампусот на ДУИ  многу функционери имаат амбиции за министерски позиции,  а како што дознаваме – еден поранешен владин функционер и неколкумина од ветераните на ОНА го бараат својот дел.

 Во СДСМ, пак, речиси е потврдено дека Радмила Шеќеринска ќе биде министер за одбрана. За финансии главен фаворит и понатаму е Драган Тевдовски. Оливер Спасовски, за МВР, Мила Царовска во  Министерството за труд и социјала, додека Љупчо Николовски ќе го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за ТВ21 рече и дека Едмонд Адеми ќе биде министер , како што се дознава , во Министерството за култура.  Според сознанија од коалициските партнери, партиите на Албанците во Македонија ќе добијат осум, односно девет министерски места, од кои две без ресор. За позицијата вице-премиер за Охридскиот договор  се спомнува  Изет Меџити,  градоначалникот на Чаир, а не е исклучено нему да му биде доверено Министерството за економија или за транспорт и врски.

Но од друга страна, се вели дека лидерот на ДУИ  инсистира Меџити да се трка за уште еден,  четврт мандат во Чаир, како најдобра опција за зачувување на општината под контрола на ДУИ. И за Бујар Османи има слични комбинации, да добие место во владиниот кабинет или да влезе во трка за место во Општина Чаир! Досегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, има можност да биде нов шеф на дипломатијата. Од огранокот на ДУИ во Тетово, на владино ниво не се исклучува да премине Хазби Лика.

Арбер Адеми и Башким Ахмети, се две имиња од сегашниот владин состав, кои одново може да добијат место во кабинетот на Заев, иако засега без поддршка од ограноците, за разлика од  Ширет Елези ја има поддршката од огранокот во Гостивар. Од Алијанса за Албанците, се зборува за двајца кандидати. Арбен Таравари, како можниот иден  министер за здравство, и место без ресор за потпретседателот на ДР-ДПА, Агон Ферати.

Сè уште нема конечна одлука дали Движење Беса ќе влезе во новиот владин кабинет. Доколку влезе, не се исклучува на Беса да им се довери Министерството за образование. Битка се води и во стопанските комори, на кои Заев им го вети местото вицепремиер за економија.Иако засега без целосен консензус, како што дознава ТВ21, главен кандидат се чини е бизнисменот Кочо Анѓушев, кој ужива авторитет и кај  домашната и кај меѓународна јавност.

Бесиан Лека

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР