Европските амбасадори на иста линија  – Тимоние И Коблер: Што поскоро да се формира Влада

690
0
АКЦИЈА

Амбасадорот на Финска Перти Инкоен вели дека покрај тоа што само 6 проценти од населението во Финска се Швеѓани, шведскиот јазик е признат како официјален. Тој вели дека тие ги уживаат сите права, имаат свои училишта и универзитети. За финскиот амбасадор двојазичноста и мултикултурализмот се богатство за една држава. Според него Македонија треба сама да го реши оваа прашање на демократски, односно институционален начин.

„Во поглед на ситуацијата со двата јазика, можам да кажам дека сепак кај вас постојат специфики и оваа е прашање кое морате сами да го решите. Треба да постои еден функционален Парламент кој што ќе работи и ќе размислува на оваа тема и ќе ги консултира сите засегнати страни“,изјави Перти Инокен.

Францускиот Амбасадор Кристиан Тимоние, по завршувањето на денешниот прием по повод Денот на Франкофонијата, порача дека очекува што поскоро Македонија да формира Влада. Според него, одолговлекувањето на кризата, негативно влијае на  евроатланските интеграции.

„Очекуваме да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија, една Македонија, која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, во својот суверенитет и во својата целина“, изјави Кристиан Тимоние.

Со  сличен став, како својот француски колега, е и австриската амбасадорка Ренате Коблер.

„Денес сме тука, во една македонска институција, како пријатели, и наскоро се надевам дека ќе почнат да фунцкионираат институциите – Владата, Собранието, институциите на локално ниво, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на оваа земја“, изјави Ренате Коблер.

Австриската амбасадорка не сакаше да ја коментира утрешната посета на Јоханес Хан, а Тимоние вели дека очекува да се најде најдобро решение за успорениот процес за формирање на нова Влада.

Габриела Д.Мишевска

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР