Груjевски не се појави во Апелационен суд

572
0
АКЦИЈА

Жалбата за неопределениот притвор за Горан Грујевски, екс началникот во Петата управа во МВР исто така се најдебпред апелационите судии. И тој е обвинет за повеќе кривични дела во предметот Тврдина и Таргет. СЈО бараше притвор, кривичен совет од скопскиот кривичен суд одби и му определи мерки на претпазливост.
Сепак Грујевски не се појави во Апелациониот суд. Неговата жалба на определените мерки за претпазливост ја образложија неговите адвокати.
СЈО смета дека постои опасност од повторувањата на кривичните дела за кои го товари, посебно во делот на незаконското следење на комуникациите. Обвинителката од СЈО Ленче Ристоска рече дека постои опасност од бегство бидејќи голем број на дела му се ставаат на товар за кои се определени високи казни но и избегнувал дансе јавува на поканите на обвинителството со што постоела опасност од одолговлекување на постапката.
Ни достави потврда од боледување а во медиумите имаше фотографии дека бил на спортски натпревари.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР