Груевски: СДСМ наследува огромни средства во буџетот

2232
1
АКЦИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево изјави дека му оставаат на СДСМ, како што вели, огромни средства во буџетот. Тој вели дека во 2006 година кога тие дошле на власт, состојбата била сосема поинаква. Според неговите зборови, тогаш наследиле 3 милиони евра, но за само десетина дена биле активирани десетици извршни решенија на изгубени судски рочишта што ги имала владата, па поради тоа владата била блокирана. Како што вели тој, во буџетот во моментов има 180 милиони евра, од кои 50 милиони ќе бидат поделени на земјоделците на име на субвенции, по одлуката на Уставниот суд дека нема законски пречки за такво нешто.

„Мене ме загрижува што СДСМ уште не составиле Влада и не влегле во Владата, а веќе бараат изговори за нивното неработење кое што ќе следува, за нивната неспособност. Уште сега почнуваат со лажни вести, а што ли се ќе слушаме кога ќе влезат во владата за да имаат алиби за тоа што немаат никакво алиби за тоа што немаат никаква сериозна програма и план“, рече Груевски.

1 коментар

  1. Gragjanite nasledija 5 milijardi dolg napraven od kriminalnata svita na DRPmne! Od tie 5 milijardi, 4 milijardi zavrsija po vasi privatni smetki. Ke gi vratite i ke platite!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР