Барди е нов член на Леванте: Време е за нов предизвик во мојата кариера!

441
0
АКЦИЈА

Македонсиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди е нов член на шпанскиот прволигаш Леванте.

22-годишниот Барди стави потпис на тригодишен договор со тимот, со можност за негово продолжување.

„Благодарам за се. Сакам да се заблагодарам на Ујпешт, фановите, вработените, тренерите, играчите и се за тие три години поминати во Ујпешт. Во овој тим се афирмирав како фудбалер и никогаш нема да го заборавам тоа. Време е за нов предизвик во мојата кариера“, напиша Барди на својот „Фејсбук“ профил.

enis bardi

За неговиот трансфер, Леванте плати 1.5 милиони евра, а се очекува официјална промоција во текот на утрешниот ден.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР